Mehmet Tosun
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Пашинјан во разговорот упатил честитки до Ердоган по повод Курбан бајрам.
Претседателот Ердоган исто така му го честитал на премиерот Пашинјан претстојниот празник Вардавар.
Двајцата лидери во разговорот го истакнаа значењето што го придаваат на билатералниот процес за нормализација на односите меѓу Туркије и Ерменија, што ќе придонесе за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот.
Ердоган и Пашинјан, меѓу другото, ги изразија и очекувањата дека прашањата договорени на состаноците на специјалните претставници на 1 јули ќе бидат имплементирани наскоро.