Zafer Fatih Beyaz
12 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп, пристигна во посета на Вашингтон, во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во воздухопловната база Ендрјус беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Вашингтон, Сердар Килич, постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН), Феридун Синирлиоглу, шефот на Протоколот на САД, Кам Хендерсон и другите претставници.
Заедно со Ердоган, во Вашингтон дојдоа и неговата сопруга, Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, министерката за трговија Рухсар Пекџан, заменик претседателот на АК Партија, Махир Унар, портпаролот на АК Партија, Омер Челик, шефот на одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, како и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.