Betül Yürük
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека нивните очи се врз третиот човек на поранешниот лидер на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, кој беше убиен во операцијата на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп одговараше на прашањата по неговото обраќање во Економскиот клуб во Њујорк.
Тој нагласи дека ја елиминирале терористичката организација ДЕАШ и дека го убиле Багдади како и второто име кое дојде на негово место.
„Нашите очи се кон третата личност која дојде на место на Багдади. Третата личност има голем проблем бидејќи знаеме каде се наоѓа“, додаде Трамп.