Mehmet Tosun
22 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со неговите колеги од неколку европски и африкански земји вчера во Њујорк, каде што присуствува на 76. сесија на Генералното собрание на ОН, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбите на Ердоган со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, словенечкиот претседател Борут Пахор и полскиот претседател Андржеј Дуда се одржаа во новоотворениот центар „Туркеви“ (Турска куќа), спроти седиштето на ОН.
Тој во ОН одржа уште една средба со претседателот на Гвинеја-Бисау, Умаро Сисоко Ембало.
Турскиот лидер подоцна во центарот „Туркеви“ оствари средби со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, украинскиот претседател Владимир Зеленски и финскиот претседател Саули Нинисто.
Средбите беа одржани одделно зад затворени врати.