Kemal Karadağ
18 Октомври 2021•Ажурирај: 19 Октомври 2021
ЛУАНДА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција и Ангола имаат можности за значајна соработка во областите на одбраната и енергетиката, јавува Агенција Анадолија (АА).
При посетата на Ангола, како дел од неговата турнеја низ Африка, Ердоган на прес-конференцијата со неговиот колега, претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвес Луренсо, рече дека Ангола претходно побарала беспилотни летала од турско производство, а на денешните разговори исто така биле споменати и оклопни носачи.
„Ангола претходно побара беспилотни летала од турско производство, а во денешните разговори исто така зборувавме и за оклопни носачи“, изјави Ердоган.
„Во последните 19 години, Турција презеде многу чекори во областа на одбранбената индустрија што исто така го привлече вниманието на Ангола“, истакна Ердоган, додавајќи дека министрите за одбрана на земјите ќе одржат дополнителни дискусии.
„Турско-африканскиот деловен форум ќе се одржи во Турција на 21-22 октомври, додека самитот за турско-африканска соработка ќе се одржи во Истанбул на 17-18 декември“, рече Ердоган.
„Двете земји можат да ја подобрат соработката и во секторите за туризам, образование и трговија“, додаде тој.