Ruslan Rehimov
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските војници отвориле оган врз азербејџанските позиции во правец на покраината Товуз, на границата на двете држави, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека ерменските единици отвориле оган врз позициите на Азербејџан во правец на селата Мунчуклу, Агбулаг, Гоша, Коханеби и Есрик Чирдахан во покраината Товуз, со оружје од различен калибар од позициите во Чинарли и Муанџик во средата од 17:54 до 22:52 по локално време.
Во соопштението се додава дека азербејџанските војници возвратиле откако ерменските војници отвориле оган врз нивните позиции.
Односите меѓу Ерменија и Азербејџан се проблематични од почетокот на 90-тите години на минатиот век кога Ерменија го окупира Нагорно Карабах и уште седум соседни региони кои се суверен дел од територијата на Азербејџан.
За време на 44-дневниот судир кој започна кон крајот на септември минатата година, Азербејџан ослободи неколку града и 300 населби и села кои Ерменија нелегално ги држеше под окупација речиси 30 години.