Ahmet Emin Dönmez
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
ЈАУНДЕ
Дваесет и пет цивили загинаа во два вооружени напади во градот Тахуа, кој се наоѓа на границата на Мали со Нигер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, неидентификувани лица ги нападнале местата Тилиа и Тахуа во градот Тахуа.
Во двата напада животот го загубија 25 цивили.
Се наведува дека вооружените напаѓачи ограбиле јавни згради како што се Градското собрание и здравствените центри, а потоа ги запалиле и побегнале од областа.
Се наведува дека во местата Тилиа и Тахуа нема струја, бидејќи во нападите се оштетени и електричните системи.
- За седум месеци животот го загубија 420 цивили
Терористичките групи поврзани со Ал Каеда и ДЕАШ кои дејствуваат во соседната земја Мали, исто така, често вршат напади во Буркина Фасо и Нигер.
И покрај тоа што Нигер спроведува заеднички воени операции со својот сосед Буркина Фасо, не успева да ја ослаби моќта на терористичките групи стационирани во Мали.
Според податоците на Обединетите нации (ОН), 313.000 луѓе се раселени во последните три години поради терористичките напади во Нигер, од кои 235.000 морале да се засолнат во соседните земји.
„Хјуман рајтс воч“ (HRW) соопшти дека од јануари до јули, 420 цивили се убиени во вкупно девет терористички напади на границата на Нигер со Мали и Буркина Фасо.