Emre Gürkan Abay
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Ерменските сили го бомбардираа градот Гања во Азербејџан, регионот Фузули во окупираниот Карабах и селата Агдам и Тертер, јавува Агенција Анадолија (AA).
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили продолжуваат со нападите врз градовите и селата во Азербејџан.
„Ерменските воени сили од територијата на Ерменија гранатираат градови и села во Азербејџан“, се наведува.
Азербејџанскиот министер за одбрана, Закир Хасанов, рече дека со овие напади Ерменија се обидува дополнително да ги продлабочи судирите меѓу двете страни.
„Целта на нападите изведени од подрачјето на Ерменија врз територијата на Азербејџан е провоцирање и ширење на зоната на судири“, рече Хасанов.