Gökhan Kavak
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
ЏИЏИГА (АА) - Десет милиони луѓе чекаат помош во храна во регионите на Сомалија и Оромија поради тековната суша во Етиопија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Садик Абдулкадир Халиф, претседател за управување со ризици од катастрофи во регионот, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека влијанието на сушата врз населението не може да се намали и покрај преземените мерки, информирајќи дека угинале повеќе од 1 милион животни.
„10 милиони луѓе во Сомалија се во критична состојба поради сушата“, рече Халиф.
Локалното население ја загубија својата стока поради проблеми со водата и храната предизвикани од сушата. Угинаа 1 милион говеда и овци.
Абдикадир Омер, жител на сомалискиот регион, истакна дека половина од неговите 200 кози угинале поради сушата.
„Изнајмив камион за да ги спасам моите кози од сушата, за да ги пренесам на друго место, но не знам што ќе се случи со нив. Се надевам дека помошта во храната ќе пристигне навреме“, нагласи Омер.
Нума Мухамед, кој поради сушата морал да го напушти својот дом со своите 10 деца и 200 говеда, истакна дека му угинал голем број од животните.
Обединетите нации (ОН) предупредија дека сушата во Етиопија, Кенија и Сомалија продолжува од 1981 година и дека повеќе од 13 милиони луѓе се соочуваат со глад.