Gökhan Ergöçün
16 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Третото издание на економскиот и бизнис-форум меѓу Турција и Африка ќе се одржи од 21 до 22 октомври во Истанбул со присуство на претставници од високо ниво, јавува Агенција Анадолија (АА).
Настанот вклучува министерски состанок, B2B-дебати, церемонии на потпишување и панели на кои ќе се разговара за неколку теми, како што се соработката во земјоделството, пандемијата, иновациите и финансиите.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Демократската Република Конго, Феликс Антоан Цисекеди Циломбо, Алберт Мучанга, комесар за економски развој, трговија, индустрија и рударство на Комисијата на Африканската унија, првите дами на Турција и Конго, Емине Ердоган и Денис Нјакеру, се очекува да присуствуваат на настанот, како и Нгози Оконџо-Ивеала, генералниот директор на Светската трговска организација, министри од Турција и африканските земји, како и претседатели на бизнис-асоцијации.
Првото издание на Форумот беше одржано во 2016 година, а второто во 2018 година, додека во 2020 се одржа виртуелен состанок поради пандемијата.