Şerife Çetin
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за спуштање на знамињата пред своите институции во Брисел за жртвите од пожарот во Португалија, што не беше случај по терористичкиот напад во Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
По шумските пожари во Португалија во кои смртно настрадаа најмалку 40 лица, знамињата пред зградата на Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на Европа во Брисел се спуштени на пола копје.
ЕУ краткото соопштение го сметаше доволно по терористичкиот напад во Сомалија извршен на 14 октомври во кој загинаа повеќе од 300 лица, а околу 300 беа ранети.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, изрази сочуство до семејствата на загинатите, а федералната влада и локалните власти на Сомалија ги повика на заедничка борба против тероризмот.