Amina Zorniç
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија на границата со Франција ќе изгради ѕид висок четири метри за да го спречи преминот на мигранти од таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот весник „Индипендент“, километарски ѕид треба да биде изграден во близина на градот Калаис во северниот дел на Франција, по должина на главниот автопат.
Ѕидот треба да биде завршен до крајот на годината.
Калаис е дом на повеќе од 10.000 мигранти, кои скришно качувајќи се на камиони и возови, се обидуваат да дојдат до британско тло.
Во околината на Калаис, од минатата година се зголемија безбедносните мерки – поставени се високи заштитни огради и видеонадзор.
Поради пренатрупаноста и лошите услови, бегалскиот камп во овој француски град во јавноста се нарекува „џунгла“.