Şerife Çetin
01 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Во сила стапи одлуката за забрана на консумирање алкохол на отворено во пешачките зони во централниот дел на Брисел, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според одлуката, забрането е консумирање алкохол од полноќ до утринските часови во одредени делови на белгискиот главен град.
Одлуката изминатиот месец ја донесе Градскиот совет на Брисел.
Со забраната се опфатени подрачјата на Булеварот „Анспаш“, Плоштадот на фонтаните, Плоштадот „Брукере“, Плоштадот „Монале“, Руе ду Миди, Руе дес Фрипие и Руе дес Хале.
Оние што ќе бидат фатени како консумираат алкохол на овие места во периодот меѓу полноќ и утринските часови ќе бидат казнети со парична казна од 350 евра.
Забраната не се однесува на активностите организирани од Градот. Забраната е донесена по поплаките на граѓаните за вревата и безбедносните проблеми што на тие подрачја ги прават луѓето под дејство на алкохол.
Забраната ќе се применува до август, ова претставува пробен период, а одлуката може да биде продолжена или поништена.