Bilgin S. Şaşmaz
14 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ЧИКАГО (АА) - Во сојузната држава Илиноис, во САД, осуденик кој со полициска придружба бил донесен во болница на лекување, му го одземал пиштолот на полицаецот и како заложник земал еден член од персоналот на болницата. Припадниците на специјалните полициски единици SWAT спровеле акција во која осуденикот бил убиен, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој настан, кој потсетува на акционите филмови, се случи во предградието Кејн на градот Џенива, оддалечен околу 70 километри од Чикаго, кој е познат како „американски главен град на криминалот”.
Полицијата на Кејн соопшти дека заложничката криза која траела околу 3 часа завршила откако осуденикот Тивон Салтерс бил застрелан од страна на припадниците на тимот SWAT.
Во соопштението се вели дека осуденикот, кој бил донесен во болница на лекување, му го одземал оружјето на полицаецот кој го придружувал и како заложник земал една жена од персоналот на болницата, чиј идентитет не се соопштува. Заложничката криза започнала во 12.30 часот по локално време, а завршила во 15.30 часот. Во болницата, во која поради овој настан беа затворени влезот и излезот, не беше евакуиран ниту еден од пациентите.
Додека преговарачот во заложничката криза му го одвлекувал вниманието на осуденикот, припадниците на тимот SWAT ги вршеле потребните подготовки.
Откако преговорите не вродиле со резултат, во акција преминал тимот SWAT, кој успеал да го убие осуденикот Салтерс.
Се дознава дека киднапираната жена, медицинска сестра во болницата, била спасена од страна на SWAT-тимот неповредена.