Murat Ünlü
14 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Една од атракциите на туристите кои доаѓаат во Париз, главниот град на Франција, е поставување катанец на љубовта на мостот на реката Сена. Овие катанци ќе бидат продадени на аукција, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за потребите на бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Една аукциска куќа ќе спроведе продажба на овие катанци на љубовта. Од продажбата се очекува да биде остварена добивка од 249.610 евра.
Аукцијата за продажба на катанците на љубовта беше одложена поради протестите на екстремната десница. На аукцијата ќе се продаваат и катанците на љубовта кои беа поставени на „Pont des Arts“ (Понт дес Артс), мостот на кој најмногу се поставуваат.
Туристите воглавно доаѓаат на овој мост и во знак на нивната бескрајна љубов, го поставуват катанецот на мостот, а клучот го фрлаат во реката Сена.
Во 2015 година, поради опасност од уривање на мостот, сите поставени катанци на овој мост беа остранети.
Туристите подоцна почнаа на сличен начин да ги поставуваат катанците на љубовта на другите мостови на реката Сена во Париз.