Davit Kachkachishvili
12 Декември 2022•Ажурирај: 13 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски доцна синоќа изјави дека е сериозна ситуацијата во врска со тековните прекини на струјата во земјата поради штетите предизвикани од руските напади врз критичната енергетска инфраструктура, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски ѝ се обрати на јавноста со видео порака споделена на Телеграм, истакнувајќи дека прекините на електричната енергија продолжуваат низ целата земја која е разурната од војна.
Украинскиот претседател информираше дека Киев, Одеса, Лавов и другите региони се особено погодени од прекините.
Зеленски во меѓувреме рече дека имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека двајцата лидери разговарале за проширувањето на коридор за жито на Црното море и за глобалните случувања кои се од големо значење за Туркије и Украина.
Тој соопшти дека телефонски разговарал и со францускиот претседател Емануел Макрон и истакна дека во наредните часови ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден.