Davit Kachkachishvili
25 Октомври 2022•Ажурирај: 25 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека поминати се осум месеци откако Русија ја започна својата војна на 24 февруари, и рече дека тие продолжуваат да ја ослободуваат украинската земја чекор по чекор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Донбас, Харков и Херсон [се ослободени]. Но, ќе бидат и Запорожје и Крим. Ќе дојде време и цела Украина ќе биде слободна“, рече Зеленски во видео објавено на Телеграм.
Тој истакна дека тие ја бранат независноста на земјата и дека Русија веќе не може да направи ништо околу тоа.
„Украина ја уништува таканаречената „втора армија на светот“ и отсега Русија ќе биде само просјак… Рускиот потенцијал сега се троши на ова лудило, на војна против нашата држава и против целиот слободен свет“, додаде Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека Русија има влијание во однос на природниот гас, воената моќ и политичката тежина, но не повеќе.
Додаде дека е многу важно да се смени конфигурацијата на моќта во Евроазија.
„Колку повеќе од својот потенцијал Русија губи сега, толку повеќе вистинска слобода ќе добијат сите народи и околу Русија и во рамките на нејзините граници.“