Emel Öz Gözellik
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
МАНИЛА (АА) – Шест лица загинаа и 126 други се повредени во синќешниот земјотрес од 6,5 степени што синоќа го зафати јужниот дел на Филипините, јавува Anadolu Agency (AA).
Гилберт Гонзалес од Единицата за справување со катастрофи, изјави дека шест лица загинале и 126 се повредени во синќешниот земјотрес, додека епицентарот беше во близина на градот Суригао дел Норте кој што се наоѓа на островот Минданао.
Гонзалес рече дека се регистрирани околу 100 други потресувања после земјотресот.
Оштетени се многу куќи во Суригао дел Норте, а граѓаните ноќта ја поминале надвор по улиците.
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), соопшти дека земјотресот е регистриран со епицентар во длабочина од 15 километри на 10 километри од Мабуа кој што се наоѓа на островот Минданао.
Две илјади лица загинале на земјотресот од 7,7 степени во 1990 година во островот Лузон на Филипините кои инаку се наречени и како „Огнениот појас на Пацификот” поради положбата на земјата во зона на земјотреси и вулкани.