Emel Öz Gözellik
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
АНКАРА
Североисточниот дел на Јапонија го потресе земјотрес со интензитет од 6,7 степени, во кој се повредени најмалку 26 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста што ја објави агенцијата „Кјодо“ се вели дека во земјотресот, кој ги зафати подрачјата на Јамагата, Нигата и Мијаџи, повредени се 26 лица, од кои едно лице потешко.
Јапонската Агенција за метеорологија првично соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,8 степени, за подоцна да ја корегира оваа информација, соопштувајќи дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.
Американскиот геолошки завод (УСГС) објави дека земјотресот бил со интензитет од 6,4 степени, на длабочина од 12 километри.
По земјотресот беше упатено предупредување за цунами, кое подоцна беше отстрането.
Во подрачјата на Нигата и Јамагата земјотресот предизвика прекин на електричната енергија за 10.000 домови, а дојде и до нарушување на возниот ред кај брзите возови.