Zehra Ulucak
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американската сојузна држава Хаваи ја потресе земјотрес со интензитет од 5,3 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 5,3 степени, се наоѓа на пет километри југозападно од вулканот Килауеа, на длабочина од 500 метри.
Во соопштението на Американскиот геолошки завод се наведува дека земјотресот е поврзан со ерупцијата на вулканска пепел од кратерот Халема на вулканот Килауеа во 4:43 часот по локално време. Облакот со вулканска прашина предизвикан од ерупцијата достигнал висина од 3 километри.
Експертите ги предупредија возачите дека исфрлањето на вулканската прашина ќе ја намали видливоста и ќе предизвика лизгавост на патиштата.
Од активирањето на вулканот Килауеа досега, во подрачјето на Хаваи се случија 9.900 земјотреси.
Најголемиот земјотрес со интензитет од 6,9 степени се случи на 4 мај. Истиот ден се активираше и вулканот Килауеа, кој продолжува да исфрла вулканска пепел и лава.
Килауеа е најактивниот вулкан во светот кој од 1983 година наваму продолжува со своите ерупции.