Islam Uddin
28 Април 2023•Ажурирај: 28 Април 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денес ја потресе Индонезија, соопшти Метеоролошката, климатска и геофизичка агенција на таа земја, пренесува Анадолу.
Агенцијата наведе дека потресот ја погодил индонезиската провинција Малуку.
Засега нема информации за повредени, ниту е пријавена материјална штета.
Земјотресот се случил во 16:19 часот по локално време, на длабочина од 60 километри, со епицентар на 167 километри североисточно од градот Туал.