Emre Aytekin
11 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи во Тајван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, Центарот за мрежа на земјотреси на Кина (CENC) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во градот Хуалиен кој се наоѓа во источниот дел на Тајван.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,3 степени се случил на длабочина од 10 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во овој земјотрес.