Ahmet Furkan Mercan
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ТОКИО
Земјотрес со јачина од 5,8 степени се случи во јапонската префектура Ибараки, која се наоѓа на крајбрежјето на Тихиот океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјторесот кој се случил во 19:06 часот по локално време, бил префектурата Ибараки која се наоѓа североисточно од јапонскиот главен град Токио.
Се вели дека земјторесот со јачина од 5,8 степени се случил на длабочина од 40 километри.
Според соопштеното, овој земјторес бил почувствуван и во Токио и Фукушима.
По земјотресот не е даден аларм за цунами.