Fahri Aksüt
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степена ја погоди покраината Малуку во Индонезија рано утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 198 километри југоисточно од централното намесништво Малуку, на 193 километри под морското дно.
Досега државните власти не соопштија ништо во врска со евентуални жртви и причинета материјална штета.