Nezir Aliyev
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
БИШКЕК (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Киргистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотресот се случил денес во 17:12 часот по локално време, и дека епицентарот на земјотресот е регистриран на 382 километри јужно од Бишкек, главниот град на Киргистан, на длабочина од 20 километри под тлото.
Земјотресот е почувствуван во Бишкек и соседните градови, а според првичните информации од теренот нема жртви и материјални загуби.