Islam Uddin
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Индонезија, соопшти геолошката агенција на земјата, пренесува Анадолу.
Епицентарот на земјотресот бил на копно и на длабочина од 24 километри и на 15 километри оддалеченост од Купанг, главниот град на провинцијата Источна Нуса Тенгара, соопшти агенцијата на X.
Американскиот геолошки институт измери јачина од 6,1 степени, велејќи дека земјотресот се случил на длабочина од 36 километри. Епицентарот на земјотресот бил на 21 км од Купанг, на западната страна на островот Тимор, се додава во соопштението.
Засега нема информации за жртви.