Sibel Uğurlu
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со интензитет од 7,7 степени по Рихтер утрово го потресе индонезискиот регион Малуку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската агенција за меторологија, климатологија и геофизика (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран источно од провинцијата Малуку, на длабочина од 231 километар.
Индонезиските власти не дадоа предупредување за можност од цунами, а досега нема ниту информации за последиците предизвикани од земјотресот.
Американскиот центар за геофизички истражувања соопшти дека станува збор за земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтер.
Во септември минатата година, разорен земјотрес со интензитет од 7,5 степени го потресе регионот Палу, при што најмалку 4.340 лица ги загубија животите.