Betül Yılmaz
27 Ноември 2025•Ажурирај: 27 Ноември 2025
ЕРУСАЛИМ / ИСТАНБУЛ (АА) – Израел изврши 669 воздушни напади врз Либан откако стапи на сила прекинот на огнот во ноември 2024 година, со по два напади дневно, соопшти денес Израелскиот безбедносен институт, јавува Анадолу.
Прекин на огнот беше постигнат меѓу Тел Авив и Бејрут на 27 ноември 2024 година, по повеќе од една година напади. Над 4.000 луѓе се убиени, а 17.000 се повредени во нападите.
Според договорот за прекин на огнот, израелската армија требаше да се повлече од Јужен Либан овој јануари, но наместо тоа таа се повлече само делумно и продолжи со военото присуство на пет гранични пункта.
Во извештајот Центарот за истражување и едукација Алма откри дека 699 воздушни напади се извршени од израелската армија низ Либан во текот на изминатата година врз основа на тврдења дека целта била инфраструктурата на Хезболах.
Според извештајот, 47% од воздушните напади биле насочени јужно од реката Литани, а 38,4% северно од неа. Регионот Бекаа во Источен Либан беше цел на 13% од нападите, а преостанатите 1,6%, односно 11 напади, ги погодија главниот град Бејрут и околните области.
Поголем дел од нападите се случија во првите месеци од прекинот на огнот, со просек од 51 напад месечно.
Израелскиот институт откри дека во декември 2024 година и март 2025 година е регистриран најголем број воздушни напади.
Во извештајот се тврди дека 218 оперативци на Хезболах се убиени во израелските напади.
Во неделата високиот командант на Хезболах, Хајтам Али Табатабаи, беше убиен во израелски воздушен напад во Бејрут.
„Во оваа фаза не е идентификувано трајно, континуирано или значајно присуство или активност на Хезболах по должината на линијата на контакт“, се вели во извештајот.