Mohammad Sıo
28 Декември 2023•Ажурирај: 29 Декември 2023
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Околу два милиона Израелци во моментов живеат во сиромаштија, од кои 870.000 се деца, пренесува Анадолу.
Извештајот на Националниот институт за осигурување покажува дека речиси 150.000 пензионери живеат под прагот на сиромаштијата, објави израелскиот јавен сервис КАН.
Стапката на сиромаштија меѓу арапското население и ултраортодоксните Евреи е непроменета и изнесува околу 39 отсто, се наведува во извештајот.
Според него, прагот на сиромаштија во 2023 година изнесувал 3.100 шекели (835 долари) за лице, што е пораст од 2.900 шекели (781 долар) колку што беше во 2022 година.
„Стапките на сиромаштија во Израел се меѓу највисоките во споредба со развиените земји, особено кај децата“, објави КАН.
Извештајот покажува дека стапката на сиромаштија за домаќинствата што се издржувани од самовработен работник се зголемила од 13,1 отсто во 2022 година на 13,8 отсто во 2023 година.
Слично на тоа, сиромаштијата кај домаќинствата издржувани од еден примател на плата се зголемила од 14,4 отсто во 2022 година на 14,9 отсто во 2023 година.
Стапката на сиромаштија меѓу децата, исто така, е зголемена од 28 отсто во 2022 година на 28,2 отсто во 2023 година, а кај постарите лица е намалена од 15 отсто во 2022 година на 12,7 отсто во 2023 година.
Популацијата на Израел достигна 9,7 милиони кон крајот на 2022 година, според податоците на Централното биро за статистика на земјата.