Gizem Nisa Çebi
21 Октомври 2024•Ажурирај: 22 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - На социјалните мрежи поврзани со терористичката организација ФЕТО се тврди дека водачот на организацијата, Фетула Ѓулен, починал, пренесува Анадолу.
Во објавата на „Herkülnağme“, еден од профилите на социјалните мрежи што најчесто ги користи раководството на ФЕТО, се тврди дека Ѓулен починал.
По објавата на „Herkülnağme“, слични тврдења почнаа да кружат и на други профили на социјалните мрежи поврзани со терористичката организација.
Поединци, роднини на Ѓулен и членови блиски до раководството на организацијата, исто така, тврдат дека водачот на организацијата починал во нивни објави на социјалните мрежи.
Сепак, нема објави или изјави од други познати челници на организацијата во врска со тврдењето.
Ѓулен живееше во американската сојузна држава Пенсилванија. Турските лидери долго време бараа негова екстрадиција, но американските судски власти не го одобрија тоа.
ФЕТО и нејзиниот водач со седиште во САД, Фетула Ѓулен, го организираа неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 252 лица, а 2.734 беа ранети.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.