Muhammet Tarhan
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
АНКАРА (АА) - Изворот на реката Темза во Велика Британија пресушува поради топлото време кое трае подолг период, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Доктор Роб Колинс, директорот за политика и наука на „The Rivers Trust“ за британскиот весник „Гардијан“, истакна дека изворот на реката се префрлила 8 километри подолу од Саиренсестер кон Сомерфорд Кејнс поради интензивната суша низ целата земја.
„По долгиот период на сушно време, изворот на Темза во Глоусестершир се суши и моментално има слаб проток 8 километри подолу“, рече Колинс.
Истакнувајќи дека се очекува пораст на температурите во земјата во наредните недели, Колинс предупреди дека Велика Британија треба да биде подготвена за подолги сушни периоди поради климатските промени.
„Во променливи климатски услови можеме да предвидиме дека зачестеноста и сериозноста на ваквите периоди на суша и недостаток на вода ќе се интензивираат“, нагласи Колинс.
- „Thames Water“ ги предупреди лондончаните да не користат црева за наводнување -
„Thames Water,“ најголемата британска компанија за водоснабдување и отпадни води, на 4 август соопшти дека корисниците можеби ќе треба да не користат црева за наводнување во Лондон во наредните недели поради на недостигот од врнежи.
Компанијата соопшти дека поради сушата побарувачката достигнала највисоко ниво во последните 25 години, а нивото на подземни води првпат годинава паднало под просекот.
„South East Water“, друга компанија снабдувач на вода за пиење во Велика Британија, исто така соопшти дека е забрането користење црево за наводнување за своите муштерии во Кент и Сасекс, што ќе стапи на сила од 12 август.
Според статистиката на Метеоролошката служба на Велика Британија, јули оваа година е најсушен јули во Велика Британија од 1935 година.