Alaattin Doğru
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
ПАРИЗ (АА) - Пожарот во регионот Лозере, во јужниот дел на Франција, уништи 700 хектари земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот што синоќа избувна во југозападниот дел на Лозере, набрзо се прошири и на истокот на Аверон, јавија француските медиуми.
Во пожарот кој брзо се шири се уништени најмалку 700 хектари зелени површини, а 1.200 луѓе се евакуирани.
Пожарот, кој се уште гори и предизвика евакуација на 1.200 луѓе, го гаснат околу 600 пожарникари со помош на голем број противпожарни возила и авиони.
Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), од почетокот на годината во Франција изгореле повеќе од 47.000 хектари шуми или други зелени површини.