Mesut Zeyrek
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
КЕЛН (AA) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК извршија напад врз џамија во германскиот град Хановер, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 2.00 часот по локално време, извршен е напад врз џамијата „Stade-Bützfleth Ulu“ на Турско-исламскиот сојуз за верски прашања во Германија, при што се искршени прозорците на џамијата.
На ѕидовите на џамијата биле напишани заканувачки пораки и пароли.
Полицијата започна истрага за случајот по пријавата од управата на џамијата.
Последниве денови, во Германија се извршени слични напади врз џамиите на Турско-исламскиот сојуз за верски прашања.