Haydar Karaalp
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
БАГДАТ (АА) - Одзивот на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера во Ирак изнесува 41 процент, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Високата изборна комисија на Ирак, евидентирано е дека стапката на излезност на изборите изнесува 41 процент.
Резултатите од изборите се очекува да бидат објавени денеска.
Во Ирак, во октомври 2019 година беа одржани големи демонстрации против тогашната влада. Демонстрантите побараа предвремени избори.
Владата, формирана под претседателство на Мустафа ал-Казими, датумот на предвремените избори го објави на 10 октомври 2021 година.
Во земјата се одржаа предвремени избори за прв пат од 2003 година.