Hamdi Yıldız
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ЈЕМЕН (АА) - Повеќе од 400 милитанти на Хусите загинаа во четиридневните воздушни напади извршени од коалицијата предводена од Саудиска Арабија во централната јеменска покраина Мариб, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно 118 воздушни напади беа извршени за 96 часа за заштита на цивилите во областа Ал Абдија, објави саудиската државна новинска агенција СПА, цитирајќи го портпаролот на коалицијата, генералот Турки ал-Малики.
„Покрај тоа, уништени се и 15 воени возила кои припаѓаа на милитантите“, рече Ал Малики.
Тој ги повика меѓународните и неофицијални хуманитарни организации да ги исполнат своите одговорности кон цивилите во опколената област Ал Абдија.
Ал Малики додаде дека воздушните операции што ги спровела Коалицијата го блокирале упадот на Хусите во оваа област за 18 дена.
Хусите допрва треба да ја коментираат изјавата.