Ekip
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили денес урнаа палестинска куќа во градот Силван во окупираниот Источен Ерусалим, според локален претставник, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Израелските булдожери, поддржани од полициските сили, ја демолираа куќата со два стана“, изјави за АА, Фахри Абу Диаб, член на локалниот Комитет за земјиште во Силван.
Тој рече дека израелските сили како причина за уривање на куќата, изградена пред десет години, го навеле немањето градежна дозвола.
„Израелските општински власти тврдат дека домовите на Палестинците биле изградени без дозволи, но факт е дека тие не издаваат дозволи за Палестинците да ги изградат своите домови“, рече Абу Диаб.
Тој рече дека израелската политика за уривање е дел од напорите на Владата да го избрише палестинското присуство во Силван и Ерусалим.
Немаше коментар од израелските власти за овој извештај.
Израелските власти неодамна ги објавија плановите за уривање на десетици палестински домови во населбите Ал-Бустан и Батин ал-Хава во Силван.
Меѓународното право ги смета и Западниот Брег и Источен Ерусалим како окупирани територии и ги смета за незаконски сите еврејски активности за градење населби таму.