Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
РАМАЛА (АА) - Израелската војска затвори три медиумски компании и една издавачка куќа на Западниот Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од очевидци, израелските војници извршиле рација во компаниите „Palmedia“, „TransMedia“ ve „RamSat“ во градовите Рамала, Ел-Халил и во Наблус.
Исто така, се истакнува дека израелските војници за време на рацијата ја заплениле опремата за монтажа, фотографиите и компјутерите на овие компании, и нивните врати била истакната одлуката дека компаниите „ќе бидат затворени шест месеци“.
Според соопштеното, израелските војници извршиле рација и во издавачката куќа „Er-Ramuni“ во Рамала, при што била запленета опремата, а на вратата била истакната одлуката дека компанијата „ќе биде затворена шест месеци“.
Не е дадено објаснување за причината поради којашто се затворени споменатите медиумски компании и издавачката куќа.
Се истакнува дека овие компании вршеле медиумски и комуникациски услуги за ТВ-каналите како „El-Kudüs“ и „Filistin el-Yevm“ со седиште во Бејрут, „El-Aksa“, поврзан со Хамас, со седиште во Газа, „El-Menar“, поврзан со Хезболах во Либан, како и за ТВ-каналот „Rusya Today“.