Ikrame Imane Kouachi
08 Ноември 2024•Ажурирај: 09 Ноември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелските воени авиони рано утринава спроведоа напади врз повеќе градови во јужните делови на Либан, Тир и Бинт Џбеил, во кои има повредени и значителна материјална штета, јави либанската државна новинска агенција, пренесува Анадолу.
Агенцијата објави дека израелските воени авиони во текот на ноќта па сѐ до утринава за цел ги имале градовите Таир Харфа, Ас-Султанија, Тибнин, Шакра, Кунине и Хирбет Селм.
Погодена е и зграда во центарот на Тир, при што беа повредени голем број жители.
Во меѓувреме, израелските разузнавачки и борбени беспилотни летала продолжија да летаат над регионот, покрај границата со Израел, според локални извори.
Нападнати се и шумските области во близина на селата Рамие, Аита ал-Шаб и Куза покрај меѓународната граница рано утрово, додека артилериското гранатирање на Алма ал-Шааб, Вади Сулуки, Мајдал Селм и Бинт Џбеил предизвика сериозна штета на продавници и домови.
Масивната израелска воздушна кампања во Либан е во тек од крајот на септември против, како што Израел тврди, цели на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.
Повеќе од 3.100 луѓе се убиени, а над 13.800 се повредени во израелските напади од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.
Израел започна копнен напад во јужен Либан на 1 октомври.