Turgut Alp Boyraz
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска изврши воздушен напад во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воените авиони на војската ги бомбардираат позициите на Хамас во северниот дел на Појасот Газа“, се вели во соопштението од израелската војска. Исто така, се истакнува дека воздушниот напад е извршен во вечерните часови и дека ракетата паднала на ненаселено подрачје.
Од израелската војска тврдат дека немало жртви ниту повредени лица.