Ekip
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
РАМАЛА (АА) - Силите на израелската Армија приведоа 26 Палестинци, меѓу кои и висок член на Хамас, во рациите во текот на ноќта на окупираниот Западен Брег, според локалните медиуми.
Државната новинска агенција „Вафа“ рече дека повеќето од рациите се случиле во градовите Азум и Сура, западно од Калкилија.
Помеѓу притворените е и високиот член на Хамас, Калид Абу ал-Баха, кој бил уапсен во градот Беитунија, западно од Рамала, соопшти „Вафа“.
Рациите предизвикаа судири со гневните палестински жители, при што, според очевидците, израелските сили употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите.
Израелските сили редовно вршат рации во израелските домови во Западниот Брег и Источен Кудс и ги апсат Палестинците под разни обвинувања.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 4.500 Палестинци, од кои 500 се „административни затвореници“.
*Writing by Bassel Barakat