Ekipa
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските војници ја приведоа поранешната пратеничка од Палестинскиот законодавен совет, Халиде Џерар, една од лидерите на Палестинскиот народен ослободителен фронт (FHKC) во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, израелските сили во утринските часови извршиле рација во домот на Џерар, во градот Ал-Бире. Израелските војници кои пребарувале по домот ја притвориле и Џерар.
Израелските власти сè уште не дадоа информации за притворањето на Џерар.
Церар беше приведена од израелските војници и на 2 јули 2017 година од нејзиниот дом.
Таа беше ослободена на 28 февруари, откако беше задржана во затвор 20 месеци како „административен притвореник“.