Mehmet Nuri Uçar
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија рано утринава, по 113 пат упадна во палестинското село Ал-Aрак, кое се наоѓа во пустината Негев, и ги урна сите палестински домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Азиз Eт-Tури, член на Комитетот за одбрана во Aракабу, за АА потврди дека израелските сили рано упаднале во селото и ги уништиле сите палестински куќи, тврдејќи дека се илегално направени.
Тој посочи дека израелските сили од јули 2010 година, 113 пати ги урнале станбените објекти во селото.
„Состојбата во селото е трагична. Селаните се разбудија со звуците на булдожери. Во селото има 22 семејства и сите тие ги загубија своите домови“, рече Tури и додаде дека поради честите разурнувања во изминатиот период, од бетонот не е можно повторно да се гради.
„Иако тие продолжуваат со уривање, ние нема да го напуштиме нашето село. Ова е нашата територија. Она што Израел ќе го сруши, ние ќе го обновиме“, рече Tури.
Во селото Аракиб живеат 87 Палестинци, а нивното село последен пат беше срушено во април минатата година.
Според палестински извори, Израел досега презеде 11 од вкупно 12 милиони акри територија на која живеат 220.000 Палестинци.