İdiris Okuduci
03 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската Армија изврши жесток артилериски напад врз пограничните региони на јужниот дел на Либан, јавува Анадолу.
Според либанската новинска агенција ННА (NNA), израелската Армија бомбардирала градови во пограничната област со артилериски оган и тенкови од типот „Меркава“.
Израелските сили ги гаѓаа градовите Ајта ал Шааб, Рамим, Ед-Духајра, Накура и Лебеније, кои се наоѓаат на границата со Либан.
Според наводите на истиот извор, нападите врз пограничните региони на југот на Либан продолжуваат.
Тензиите се разгореа покрај границата меѓу Либан и Израел поради повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири од војната во 2006 година.
Тензиите на границата доаѓаат во време на израелската воена офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 32.900 Палестинци од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.