Gülşen Topçu
26 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
РАМАЛАХ (АА) - Најмалку 18 Палестинци се повредени во судирите меѓу израелските сили и жителите на Наблус во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинската Црвена полумесечина објави дека конфликтот се случил во раните утрински часови во исто време со окупирањето на турбето на Јусуф во Наблус од еврејските доселеници.
Израелската војска со огнено оружје погоди најмалку еден Палестинец, а уште најмалку 17 Палестинци беа повредени со пластична муниција.
Сведоците на настанот јавуваат дека израелските војници користеле големо количество солзавец и уапсиле најмалку двајца демонстранти.
Турбето на Јусуф се наоѓа на исток од Наблус и Евреите го сметаат за едно од светите места.
Евреите веруваат дека во турбето се наоѓаат посмртните остатоци на божјиот пратеник Јусуф, додека палестинските историчари тврдат дека станува збор за турбето на локалниот научник Јусуф Дувејкат.