Ikrame Imane Kouachi
24 Февруари 2024•Ажурирај: 26 Февруари 2024
КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Војската на Израел, обвинет за геноцид, денес објави дека бомбардирала локации на Хезболах во четири различни подрачја во јужен Либан, известува Анадолу.
Во текот на ноќта, воени авиони нападнале лансирни подрачја и инфраструктура на организацијата Хезболах во областа Џабал Блат, се вели во соопштението на израелската војска.
Се додава дека е нападната опсерваторијата на Хезболах во областа Ајта аш Шаб и подрачјата Ханин и Марвин, за да се елиминира заканата.
Од Хезболах немаше коментари на соопштението на израелската војска.
Радиото на израелската војска претходно објави дека две ракети од либанската страна паднале во областа Адамит, во западна Галилеја.
Тензиите се зголемија долж границата на Либан и Израел, кој е обвинет за геноцид во Појасот Газа, со повремена размена на огнот меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири меѓу двете земји од војната во 2006 година.
До растот на тензиите дојде по почетокот на воената офанзива на Израел врз Појасот Газа се убиени 29.606 Палестинци од 7 октомври досега.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.
Неодамна дојде до ескалација на заканите од страна на израелските официјални лица дека ќе ги прошират нападите на либанската територија доколку борците на Хезболах не се повлечат од граничните подрачја од северот на Израел.