İbrahim Sipahi,Mahmut Geldi
21 Март 2024•Ажурирај: 22 Март 2024
ГАЗА (АА) - Израелската војска со експлозив дигна во воздух зграда на болницата Ал Шифа во градот Газа, известува Анадолу.
Оваа информација ја објави телевизискиот канал „Ал Акса“.
Во објавата што ја објави палестинската државна телевизија на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, се вели дека израелските сили им рекле на раселените Палестинци засолнети во болницата Ал Шифа веднаш да го напуштат болничкиот кампус.
Десетици луѓе се убиени и ранети од израелското артилериско гранатирање што вчера во време на ифтарот го изврши израелската војска врз комплексот на болницата Ал Шифа.
Израелската војска спроведе рација во болницата Ал Шифа утрото на 18 март. На рацијата ѝ претходеа напади со беспилотни летала и артилерија.
Илјадници пациенти, ранети лица и раселени Палестинци од сите делови на Појасот Газа се наоѓаат во болничкиот комплекс Ал Шифа. Палестинските власти вчера соопштија дека сите овие луѓе останале без основните потреби од храна и вода.
Вчера војската на Израел, кој е обвинет за геноцид, објави дека околу 90 Палестинци се убиени во рамките на рацијата спроведена на подрачјето на болницата Ал Шифа.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека Палестинците заробени во болницата Ал Шифа не можеле да го прекинат постот бидејќи два дена не можат да најдат храна или вода.