Enes Canlı
10 Мај 2023•Ажурирај: 10 Мај 2023
КУДС (АА) - Израелската војска погоди некои зони во Појасот Газа, кој е под блокада, каде од ноќните часови владееше спокојство, пренесува Анадолу.
Се слушнаа експлозии во источниот дел на подрачјето на Хан Јунус, кое се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи од израелската војска се тврди дека е „нишанета зоната за лансирање ракети во Хан Јунус, каде се вршела подготовка за напад“.
Инаку, во вчерашниот воздушен напад на Израел во Појасот Газа загинаа 15, а повредени беа 22 Палестинци.
Се истакнува дека меѓу загинатите се и три лица од воениот кадар на движењето „Исламски џихад“.
Од ноќните часови владееше спокојство во ова подрачје.