Safiye Karabacak, Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
13 Октомври 2023•Ажурирај: 14 Октомври 2023
КУДС (АА) - Израелската полиција интервенираше со солзавец врз Палестинците кои беа спречени да влезат во џамијата „Ал Акса“ што се наоѓа во зоната Стар Град во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Анадолу.
Израелската полиција на голем број Палестинци не им дозволи да влегуваат во Стариот Град, во чии граници се наоѓа и џамијата „Ал Акса“.
Исто така, израелската полиција со оклопни возила, звучни бомби и солзавец интервенираше врз Палестинците во околината на Стариот Град.
Израелските сили нападнаа и некои млади на кои не им беше дозволено да извршуваат молитва во џамијата „Ал Акса“.
Инаку, на само 5.000 Палестинци им беше дозволено да ја извршат петочната молитва во џамијата „Ал Акса“.