Ekip?
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелски војници по погребот на 16-годишниот палестински тинејџер Лејс Хејсем Ебу Наим, кој беше убиен ден предходно од израелските сили, извршија напад врз групата Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на интервенцијата, израелските војници користеа солзавец, гумeна и боева муниција.
Според очевидци, по погребот во селото Ал Мугхaјир во Рамала, избија немири меѓу израелските војници и Палестинците.
Неколку десетици Палестинци беа сериозно повредени од солзавецот.
Палестинците на пукањето на војниците возвратија со камења.
Потсетуваме, израелските сили 16-годишниот палестински тинејџер го убија во окупираниот Западен Брег.
Како што соопштија од Министерството за здравство, палестинскиот тинејџер е застрелан со куршум во главата за време на судирите со војниците во селото Ал Мугхајир во Рамала.