Gülşen Topçu
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) – Се тврди дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси, одржале тајна средба во египетскиот главен град Каиро, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелската телевизија „10“, тема на средбата меѓу Нетанјаху и Сиси, одржана на 22 мај оваа година, била долгорочното примирје во Газа.
Се истакнува дека Нетанјаху придружуван од страна на неговите советници и обезбедување, со приватен авион пристигнал во Каиро, каде што престојувал неколку часа. Потоа, се вратил во Тел Авив.
Се вели дека за време на средбата е разговарано околу ситуацијата во Газа, за војниците заложници, мерките за зголемување инфраструктурни работи, како и за примирјето.
Официјалните израелски и египетски власти сè уште не ја потврдија оваа информација. Сиси и Нетанјаху последен пат се сретнаа во септември минатата година на средбата во Генералното собрание на ОН во Њујорк.